понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Регион

Мицотакис oптимист – не се гледа само светлината на крајот од тунелот, туку и крајот на тунелот

Мицотакис oптимист – не се гледа само светлината на крајот од тунелот, туку и крајот на тунелот

Не само што се гледа светлината на крајот од тунелот, туку се гледа и крајот на тунелот. За Велигден односно на почетокот на мај, работите ќе бидат многу подобри, изрази оптимизам грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Скај“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчкиот премиер истакна дека „вакцините се тие што денес ни дозволуваат да кажеме дека, да, кога ќе стигнеме до Велигден работите ќе бидат подобри“.

– Ќе Ви дадам само две бројки, бидејќи мислам дека се важни. До сабота ќе надминеме 500.000 вакцинации. На крајот на март, проценувам дека ќе надминеме 1.700.000 вакцинации. Ќе бидат вакцинирани сите наши сограѓани кои сакаат да ја примат вакцината, а се над 75 години, односно 75-79, 80-84 и над 85. Ќе ја имаме вакцинирано и групата од 60 до 64 години. И до Велигден, верувам дека ќе имаме вакцинирано, верувам еден многу голем дел од категоријата од 60 до 74 години. Односно сите што се над 60 и плус некои кои имаат сериозни болести ќе бидат вакцинирани, објасни Мицотакис.

Тој истакна дека овие податоци му влеваат оптимизам дека на пролет ќе треба да се отвори економијата и поради туризмот, кој „годинава ќе биде многу поголем од лани“.

Мицотакис посочи намерата е Грците да патуваат низ Грција, но и Европејците, Американците, Русите и „оние кои лани не можеа да дојдат, да дојдат годинава“.

– Затоа и толку многу инсистирам на сертификатот за вакцинација. И ќе ја добиеме оваа битка бидејќи гледате дека многу европски земји самите се активираат за да им дадат можност на нивните граѓани. Што е сертификат? Го видов и во Израел, обичен документ со QR-код, што докажува дека си вакциниран. Па така, со овој сертификат, ако дојдеш во Грција, нема да треба ниту да бидеш во карантин, ниту пак ќе треба дополнителен тест за да влезеш. Толку е едноставно. Би било добро да го постигнеме ова на европско ниво, да биде единствен. Ако не биде единствен сертификат, ќе го сториме тоа билатерално со сите земји што нè интересираат, објасни Мицотакис.

За туризмот оцени дека оваа година ќе биде подобра од ланската и колку побрзо оди вакцинацијата во другите земји, ќе биде и полесен влезот во Грција, а како пример ги спомена посетителите од Велика Британија, за кои рече дека доколку го имаат сертификатот за вакцинација ќе може да дојдат уште од април мај.

А за оние се вакцинирани, потребен ќе биде тест.

Во однос на ручекот на островот Икарија што предизвика негативни реакции во Грција, Мицотакис рече дека на балконот во домот на пратеникот од Нова демократија на 15 минути биле собрани истите лице кои биле заедно и во хеликоптерот што тргнал од Атина, но и дека целиот случај ја онеправда суштината на посетата, уверувајќи дека нема да се повтори такво нешто.

– Апсолутно ќе прифатам дека сликата што беше презентирана ги повреди граѓаните и ја онеправда суштината на посетата. Ако за Икарија, дискутираме за ова, а не за останатото, тогаш беше направена некаква грешка. Ве уверувам, нема да се повтори, рече Мицотакис.

ЕУРО 2020

Македонија