вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 115
home Регион

„Ми го уби синот, се враќам од Германија“- се огласи таткото на најмалата жртва на масакрот во Загреб

„Ми го уби синот, се враќам од Германија“- се огласи таткото на најмалата жртва на масакрот во Загреб

Таткото на 10-годишното момче кое е убиено и поранешен вонбрачен другар на Маја Тојагиќ во моментов живее во Германија, каде ја дознал страшната вест.

„Ми го убил синот“, само рекол мажот за Јутарњи лист, потврдувајќи дека денеска се враќа во Хрватска.

36-годишниот Игор Наѓ кој пред да си го одземе животот, ја убил Маја со која имал бебе на возраст од неколку месеци, нејзиниот 10-годишен син Паул, нејзините родители и сестра ѝ, а и момчето на нејзината сестра.

Убиецот го поштедил само бебето.

Началникот на загрепската полиција Марко Рашиќ на конференција за новинарите потврдил дека убиецот е 36-годишнот тасст од Вуковар.