понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 169
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Мета поднесе кривични пријави за највисоките функционери на Министерството за правда

Мета поднесе кривични пријави за највисоките функционери на Министерството за правда

Албанскиот претседател Илир Мета до Специјалното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција (СПАК) поднесе кривични пријави против тројца високи функционери на Министерството за правда.

Крвични пријави добија Етилда Ѓонај, министерка за правда, Гентијан Дева, генерален секретар во Министерството за правда и Елева Хаџи, директорка на Центарот за службени публикации.

Врз основа на кривичниот закон, Мета ги товари за злоупотреба на службената должност, фалсификување документи, вршење незаконско влијание врз лица кои вршат јавна функција и присвојување на титула или државна должност, што го правеле во соработка.

Мета вели дека е одлучен да го растури обидот за државен удар, појаснувајќи дека пријави поднесол против „структурираната ќелија и опасна банда“.

-Одбрана на Уставот и интегритетот на Уставниот суд денеска е должност над должностите на секој Албанец, чесен и патриот, а пред се главна должност и мисија на претседателот на Републиката. Никогаш не се случил посериозен настан во историјата на нашата држава од овој мафијашки чин, каде врз основа на официјални докази, се покажува дека е директно вклучена дури и структурирана ќелија на чело на Министерството за правда преку кршење на Уставот,рече меѓу другото Мета.

Уште еднаш тој упати апел за масовно присуство на протестот што го организира на втори март.

-На втори март, сите во Тирана, на плоштадот „Народни херои “, за да стане јасно дека Албанците се со Уставот, а не со претседателот Илир Мета! Дека Албанците веќе нема да толерираат никој да го крши Уставот за кој гласаа на референдумот на 22 ноември 1998 година. Најголема опасност е чумата наречена „Преродба“ (се однесува на актуелната влада),изјави Мета.

На новинарска констатација дека ова е чин без преседан,Мета во возврати:

-Чин без преседан велите вие! Кажете ми: Дали постои Република во светот, во Европа, земја членка на Советот на Европа, земја која има намера да отвори преговори со Европската унија, каде што на мафијашки начин се киднапираат уставни овластувања и власт што Уставот му ги дава на претседателот на државата, одговори Мета. (МИА)

Коронавирус