среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Регион

Мета: Плажите и центрите на нашите градови не заслужуваат да личат на боиштата на Дивиот запад

Мета: Плажите и центрите на нашите градови не заслужуваат да личат на боиштата на Дивиот запад

По вооружениот конфликт во туристичкиот град Велипоја, во кој беа убиени четири а две лица се повредени, остро реагираше албанскиот претседател Илир Мета, посочувајќи дека „плажите и центрите на нашите градови не заслужуваат да личат на боиштата на Дивиот запад“.

Тој вели дека станува збор за шокантен настан што бара целосно истражување на околностите и причините што довеле до жртви.

Додава дека подолг период ги повикувал државната полиција и другите структури за безбедност и спроведување на законот, да направат сè за да ја држат под надзор територијата на земјата, каде има зголемен ризик од конфликти, со цел навреме да се спречат сериозни кривични дела.

-Конфликтите со огнено оружје, кои се случуваат на јавни места и во екот на туристичката сезона, ги загрозуваат животот и здравјето на десетици граѓани, но од друга страна сериозно ја нарушуваат сликата за Албанија кај домашните и странските туристи. Плажите и центрите на нашите градови не заслужуваат да личат на бојните полиња на Дивиот запад. Значи, во оваа ситуација, која се чини излезе од контрола и која за жал произведува жртви секој ден, секој висок државен орган мора да ги преземе своите должности и да се откаже од цинична пропаганда, која не може да ги покрие вистините, за кои сите гледаме, наведува Мета во реакцијата.

Јавниот ред и безбедност, оценува, се сериозно нарушени и бараат нови ефикасни мерки за нивно гарантирање, со цел да се заштитат животот, здравјето и имотот на граѓаните.

Во меѓувреме, како што пренесуваат албанските медиуми, дел од туристите вознемирени и загрижени за сопствените животи почнале да ја напуштаат Велипоја.

Коронавирус