четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 82
home Регион

Мета му го даде мандатот на Рама за формирање влада

Мета му го даде мандатот на Рама за формирање влада

Албанскиот претседател Илир Мета потпиша уредба со која на лидерот на владејачките социјалисти Еди Рама му го дава мандатот за формирање влада.

Уредбата, која го носи вчерашниот датум, Мета ја потпишал синоќа веднаш по конституирањето на Парламентот и стапува во сила веднаш, јави дописничката на МИА од Тирана.

Со доделувањето на мандатот за премиер од страна на претседателот, Рама во рок од 10 дена доставува програма и состав на владата до Собранието, кое треба да ги стави на дневен ред за одобрување.

Последниот збор околу министрите сепак го има Мета кој треба да потпише уредби посебно за секој, во рок од 7 дена од доставувањето на известувањето за тоа. Уставно право е на претседателот да не потпише уредба за некој од предложените министри.

Уредбите одобрени од претседателот повторно ги донесува Собранието во рок од 10 дена. Пред да ја преземе функцијата, премиерот, вицепремиерот и министрите ќе положат заклетва пред претседателот.

Што се однесува до составот на новата влада нема некои поголеми изненадувања, освен што од од 16 министерски места во дури 12 ќе седнат жени.

Рама одлучи заменик премиер да биде Арбен Ахметај, старо нови министери се Олта Џачка за Европа и надворешни работи, Огерта Манастирлиу за здравство, Белинда Балуку за инфратсруктура, Нико Пелеши за одбрана, Бледи Чучи за внатрешни работи, Елва Маргарити за култура и Евис Куши за образование.

Нов министер за правда ќе биде Улси Мања, секторот финансии го презема Делинда Ибрахими, за земјоделство Фрида Крифца и Мирела Кумбаро за туризам.

Владата ќе има и четворица државни министри, сите жени, Елса Спиропали за односи со Парламентот, Едона Билали за заштита на претпремачите, Бора Музаќи за млади и деца и Милва Економи за стандарди и услуги.

Ова е трета по ред влада раководена од Рама, откако неговата партија победи на изборите на 25 април годинава.

Коронавирус