сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 43
home Регион

Мета го покани Рама на дуел,ако не му порача да си оди

Мета го покани Рама на дуел,ако не му порача да си оди

Се заострува реториката во и така заладените односи меѓу албанскиот претседател Илир Мета и премиерот Еди Рама.

По преписките полни со меѓусебни обвинувања и навреди, кои си ги разменуваат по социјалните мрежи, Мета попладнево преку објава на Фејсбук,го покани премиерот Еди Рама да се соочат на дуел, во спротивно му порача да си оди.

-Дојди да се соочиме,во спротвно оди си, напиша Мета, додавајќи дека „актуелниот премиер може да земе со себе и засилување“..

Мета утрово се обрати со порака до Собранието на Социјалистиката партија чиј лидер е Рама, во која наведува дека „СП го прибрала Рама од бегалец и го направила министер, градоначалник и премиер“ а сега тој партијата ја направил негов заложник.

Тој исто така го замолува Рама да го каже на денешната седница на партиското собрание „ името, местото и времето кога се сретнал со лице криминалниот свет, предмет на Специјалното јавно обвинителство“за кое претходно го обвинил,ако не тогаш „веднаш да си поднесе оставка“.

На тоа Рама преку Твитер му одговори со прашањето „каков долг има Албанија што мора да ги трпи неговите

секојдневни скалила“ и му возвраќа со „ Илир, каков долг има Албанија кон тебе што те направи премиер, претседател на парламентот, претседател на државата“.

Коронавирус