четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 116
home Регион

Мета го поддржува Дијалогот Белград – Приштина, но не и промена на граници

Мета го поддржува Дијалогот Белград – Приштина, но не и промена на граници

Албанскиот претседател Илир Мета првпат го изнесе својот став во врска со големата дебата околу прашањето за промена или не на границите на Косово.

Во интервју за „Албаниан дејли њуз“ (Albanian Daily News) тој изјави  дека „Албанија била и останува силен поддржувач на  дијалогот Косово – Србија, со поредство на ЕУ и поддршка на САД“.

Тој нагласи дека „посебно значење има почитувањето на основните начела предвидени со повелбата од Хелсинки и од Париз на ОБСЕ за безбедноста во Европа, пред се начелото за неменување на границите“

– Суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово е реалност признаена и прифатена од убедливо мнозинство од земјите-членки на Обединети нации. Го поддржувам ставот на албанската Влада за поддршка на напорите на косовската Влада за зачувување на стабилноста, територијалниот интегритет, мултиетничкиот карактер на косовската држава, истакна Мета.

Тој додаде дека процесот на интегрирање на регионот во ЕУ го гледа како процес, кој границите ќе ги направи незначајни, а не кон наметнување нови граници. (МИА)