сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Мета ги почна консултациите за датумот на локалните избори

Мета ги почна консултациите за датумот на локалните избори

Шефот на албанската држава Илир Мета денеска ги почна консултациите со политичките партии за утврдување на датумот на одржување на локалните избори.

Првата средба Мета ја имаше со координаторот на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија, Таулант Бала, кој по средбата изјави дека изборите може да се одржат на 23 или на 30 јуни 2019 година.

Според Бала, разговарано било и за барањето на туристичките оператори изборите да се одржат порано бидејќи тоа негативно влијаело врз туристичката сезона.

– Му благодарам на претседателот за продолжувањето на повеќегодишната традиција на консултации со партиите за датумот на изборите. Изборниот законик е сосема јасен во одредувањето на изборната сезона април-мај-јуни, определувајќи ги последните две недели од јуни, како два можни датуми за одржување на локалните избори. Го имаме и барањето од туристичките оператори, но тоа може да се постигне во соглансост со сите партии, истакна Бала.

По Бала, во претседателската резиденција пристигна координаторот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Едмонд Спахо, кој по излегувањето одби да даде изјава.

Третата по големина политичка партија во земјата, Социјалистичкото движење за интеграција, на средба со Мета го испарати партискиот потпретседател, Љуан Рама, кој изјави дека „има многу позначајни прашања од датумот за локални избори“

– Проблемот на изборите не е датумот на нивното одржување туку поврзаноста на Владата со криминалот. Ја пренесов нашата и загриженоста на здружената опозиција дека проблем не е датумот на изборите туку стандардите и квалитетот и она што е најзначајно чистење на изборите од лобирањето и трговијата со криминални групи. Се додека Владата не се исчисти самата себе и изборите од криминалот, се ќе биде само формалност. Оваа земја потоната во криминал нема потреба од формални туку од реални избори, кои ја гарантираат волјата на граѓаните а не на криминалните групи, наведе Рама.

Според изборниот законик претседателот на Албанија го одредува датумот на изборите девет месеци пред истекот на мандатот на актуелната локална власт.

МИА

Коронавирус