недела, 9. август 2020. Вести денес: 27
home Регион

Мечка со две мали мечиња се прошета крај езерото во грчкиот град Костур

Мечка со две мали мечиња се прошета крај езерото во грчкиот град Костур

Забраната за движење на граѓани и полицискиот час од 20 до 8 часот што се во сила во грчкиот град Костур, се чини, дека беа добра можност мечка заедно со нејзините две мали мечиња, доцна синоќа да се прошетаат во делот крај езерото, јави дописничката на МИА од Атина.

Според локалните медиуми, конкретниот дел од езерото во Костур, во нормални услови е шеталиште и е полно со граѓани.

Мечките биле забележани од жителите на градот кои веднаш ја известите групата за интервенции, а одговорниот на тимот, Никос Панајотопулос за грчката агенција АНА-МПА, објаснува дека карантинот во комбинација со недостигот на храна создале услови мечката заедно со малите мечиња да дојдат во градот.

Коронавирус