четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 64
home Регион

Мажот успеал да ги спаси децата: Загина жена во пожар во бегалски камп на грчкиот остров Лезбос

Мажот успеал да ги спаси децата: Загина жена во пожар во бегалски камп на грчкиот остров Лезбос

Во пожар што изби неколку часа по полноќ во куќарка во рамките на отворениот бегалски камп „Кара Тепе“ на грчкиот остров Лезбос, животот го загуби 27-годишна жена, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката противпожарна служба соопштуваат дека пожарот бил мал, а за време на гаснењето било пронајдено безживотното тело на жената.

Според локалните медиуми од островот станува збор за бегалка од Авганистан која во кампот живеела заедно со нејзиниот сопруг и трите малолетни деца.

Мажот успеал да ги спаси децата од огнените јазици, а во обидот да ја спаси и жената се онесвестил и бил пренесен во болница, но е вон животна опасност.

Причината за пожарот е се уште непозната.

Коронавирус