сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 17
home Регион

Маж си ја пријавил сопругата дека не ги почитува ковид мерките

Маж си ја пријавил сопругата дека не ги почитува ковид мерките

Началникот на Комуналната полиција во Белград, Иван Дивац, раскажува за необичен случај кога сопруг ја пријавил сопругата за непочитување на ковид-мерките.

До сега сме биле во различни ситуации. Неодамна еден човек ја пријави сопствената сопруга, жалејќи се дека нивното дете кое отсуствува од школо и се наоѓа во самоизолација, го однела во трговски центар, истакна Дивац.

На гостувањето на „Прва“ тој додал дека во овој момент голем проблем претставува што полицијата на терен нема доволно луѓе, само 320 полициски службеници за цел Белград и затоа може да се случи граѓаните кои пријавуваат да почекаат и до еден час.

Коронавирус