понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 2
home Регион

Маријан ја породил сопругата во автомобил: „Ја видов главата на бебето, како да ми кажа тато види ме“

Маријан ја породил сопругата во автомобил: „Ја видов главата на бебето, како да ми кажа тато види ме“

Маријан Петровиќ од село Блајанац, Србија ја породил сопругата на задното седиште од автомобилот.

-Се завртев да видам како е, и ја видов главата на бебето како ѕирка, како да сака да ми каже „тато види ме“ – раскажал Маријан.

Тие тргнале во болница, но на половина пат бебто почнало да излегува, па без никакво искуство и медицинска помош тој ја породил сопругата, а сега мајката и бебето се во добра состојба.

Сепак тој имал инструкции преку телефон од медицинска сестра, а пресреќниот татко вели дека бебето стигнало толку брзо што немал врме да го фати паника и да се исплаши.

Девојчето кое вчера е донесено на свет е нивно трето дете.