среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Мамиќ се огласи откако беше осуден на казна затвор

Мамиќ се огласи откако беше осуден на казна затвор

Откако Жупанскиот суд во Осијек го осуди на шест години и шест месеци затвор, Здравко Мамиќ од Меѓугорје и се обрати на јавноста. Според пресудата, Здравко Мамиќ е осуден по сите точки од обвинението, Милан Пернар и Зоран Мамиќ се ослободени од првата точка на обвинението, но се прогласени виновни за намалување на даночните обврски на Мамиќ и примање мито, а Зоран и за давање мито.

Здравко и Зоран Мамиќ, како и Дамир Врбановиќ се криви за третата точка од обвинението, односно поделбата на трансферот на Дејан Ловрен, а Здравко Мамиќ и за трансферот на Лука Модриќ.

-Нормално дека дојдов во Меѓугорје да го пронајдам мирот и стабилноста и што понормално да поднесам се. Морам да кажам дека се чувствувам добро, дури и повеќе од добро. Згрозен сум од пресудата, ме изненади, но добро се чувствувам. Пресудата ме изненади, но тажен ме прави образложението на пресудата. Морам да видам каков ќе биде мојот одговор, а тоа ќе биде нешто што не е забележано на просторите на Хрватска и Босна и Херцеговина. Тоа ќе биде цивилизирано оружје и не би сакал да бидам во кожата на луѓето кои се ова го подготвија, кажа Мамиќ и додаде:

– Би можел да држам монолог зошто мислам дека пресудата е правно неиздржана, монструозна, лажна, подла… образложението на таа пресуда ме прави бесен, опасен и може да се очекува се. Тие препишаа апсолутно се она што обвинителството побара, од збор до збор тоа го преточија во пресуда. Тоа е неверојатно. Боже помогни им на луѓето кои направиле таа пресуда да се случи, Боже прости им затоа што не знаат што прават.

Мамиќ смета дека не требало да се случи изрекувањето на пресудата додека не се утврди дали документацијата што ја приложил е вистинита или не.

Тој кажа дека останува во Херцеговина затоа што таму го пратил Бог.

Коронавирус