недела, 9. мај 2021. Вести денес: 81
home Регион

Македонско друштво „Илинден“-Тирана: Воведениот карантин за секој кој влегува од Македонија во Албанија избрзана и погрешна одлука

Македонско друштво „Илинден“-Тирана: Воведениот карантин за секој кој влегува од Македонија во Албанија избрзана и погрешна одлука

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, oдлуката на Техничкиот комитет на експерти за карантин на секое лице што ќе влезе на територијата на Република Албанија од Македонија е погрешна одлука.

Одлуката на Техничкиот комитет на експерти за карантин за период од две недели на секое лице што ќе влезе на територијата на Република Албанија од Македонија е избрзана и погрешна одлука, бидејќи деновиве се намалува бројот на заразени.

Оваа одлука економски ги погодува жителите кои живеат на албанско-македонската граница од Преспа до Голо Брдo, кои, искористувајќи ја близина на границата со Македонија своите животи ги имаат поврзано со сезонска работа и други активности во пограничните региони на Македонија. За овие жители, приходот обезбеден со сезонска работа во Македонија за неколку месеци, е единствен приход за нивните семејства.

Техничкиот комитет на експерти треба што побрзо ова недела да ја ревидира ова одлука, бидејќи бројот на заразени лица во Македонија се намалува и не ја оправдува одлуката. – стои во реакцијата на Македонско друштво „Илинден“-Тирана.

Коронавирус