среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 13
home Регион

Македонските туристи во паника за време на празничниот викенд- два земјотреса го стресоа овој грчки остров!

Македонските туристи во паника за време на празничниот викенд- два земјотреса го стресоа овој грчки остров!

Два земјотреси со јачина од 4,4 и 4,2 степени го погодија денеска грчкиот остров Закинтос, што ги вознемири туристите и локалното население.

Епицентарот на првиот земјотрес бил во морето јужно од островот, на длабочина од 20 километри, додека епицентарот на вториот бил исто во морето западно од островот, на длабочина од 9,2 километри, пренесе новинската агенција „АНА“.

Грчкиот сајт „Катимерини“ потсети дека островот во октомври минатата година го стресе земјотрес со јачина од 6,4 степени што причини голема материјална штета.