сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Мајстори со лопати спасувале девојче од кучето на соседите- стравичен случај во Лесковац

Мајстори со лопати спасувале девојче од кучето на соседите- стравичен случај во Лесковац

Девојче на возраст од 13 години од Лесковац, било нападнато од кучето на соседите кое ја нападнало во вторникот попладне пред куќа. Девојчето било спасено од страна на мајстори кои работеле во близина, така што со лопати го одвојувале од неа, пишува Југомедија.

Девојчето се здобило со повреди на градите и рацете од сафордот кој ја нападнал.

Нејзиниот татко сведочи дека сосетката, сопственичката на кучето, повеќе пати била предупредувана за тоа дека кучето може да биде опасност за децата.

-Кучето често само се шета по улица. Вакво нешто беше крајно неминовно. За среќа, не дошло до трагедија, но моето дете има сериозни повреди и трауми за цел живот“, вели таткото кој случајот го пријавил во полиција.

-Јас сум благодарен на Бога пшто моето дете извлече жива глава, но апелирам на сопствениците на кучиња, особено на малку поопасните раси, редовно да ги вакцинираат и да водат сметка за безбедноста за вакви работи да не се повторуваат и што е најважно, некој да не настрада“, додал таткото.

Коронавирус