понеделник, 22. октомври 2018. Вести денес: 80
home Регион

Мајка не дозволи хемотерапија за 10-годишната ќерка, болницата ја презеде работата во свои раце

Мајка не дозволи хемотерапија за 10-годишната ќерка, болницата ја презеде работата во свои раце

Хрватските институции, по барање на докторите, времено ѝ го одзедоа старателството на мајката која не дозволи лечење со хемотерапија на нејзината болна ќерка. Се работи за десетгодишно девојче, кое од Далмација, каде било на одмор, итно е префрлено на клиниката во Загреб, каде му е дијагностициран рак. Семејството веднаш ја разгледало и опцијата за лекување во странство. Биле собирани средства преку социјалните мрежи, па сепак лекувањето не почнало.

Велејќи дека нашла алтернативен начин на лекување во Турција, мајката не сакале девојчето да се лекува во Хрватска, а воедно ги повикала навивачките групи да ја каменуваат болницата во Загреб.

Од болницата велат дека овој вид на рак секаде се лекува еднакво, со хемотерапија и дека возрасен човек може да одбие лекување, но законот ги штити децата, кои мора да ја добијат соодветната нега. Затоа, на барање на докторите, се вклучило и Министерството за социјална заштита, кое времено ѝ го одзело старателството на мајката.

Докторите тврдат дека многу драгоцено време е изгубено во административните мерки, а детето не добивало терапија поради мајката и сега ќе треба да биде подложено на дури шест циклуси на хемотерапија.

Мајката веќе ангажирала адвокат и најавува тужба за болницата, зашто тврди дека хемотерапијата е отров кој не го уништува канцерот, туку го проширува.

Освен десетгодишната ќерка, мајката сама чува уште две помали деца, а им била позната на социјалните служби по пријавите за занемарување на децата.