недела, 25. август 2019. Вести денес: 23
home Регион

Мајка монструм од Загреб ѝ ги скршила рацете и нозете на својата ќерка- судот ѝ одреди 5 години затвор

Мајка монструм од Загреб ѝ ги скршила рацете и нозете на својата ќерка- судот ѝ одреди 5 години затвор

Тежок случај на злоставување во Загреб, во кој 37-годишна мајка ги скршила рацете и нозете на својата ќерка која немала ни две години, ја шокираше Хрватска, но и цел регион.

Мајката е осудена на 5 години затвор, максимална казна која е предвидена со Кривичниот закон за вакво малтретирање.

Како што пишува во пресудата, таа на девојчето му ги скршила коските на рацете и нозете, детето било неухрането, мајката го оставала само дома и го чувала под морничави услови.

Девојчето е родено во 2015 година. Има оштетување на кичмата поради што редовно треба да оди на терапија. Но, мајката која имала проблем со алкохолот, тоа не го направила. Во пресудата стои дека и хигиената во станот била лоша, пишува Телеграм.хр

Сосетката истакнала дека во станот се пушело и било навистина задимено. Мајката не му посветувала внимание на детето и не водела сметка детето да оди на прошетки. Девојчето главно ило дома и гледало телевизија.

Кога ќе се вратела дома, мајката често знаела да биде груба кон девојчето. Ѝ ги скршила и коските на десната подлактица, двете коски на долниот дел од левата подлактица, како и коските на долниот дел од десната подлактица. Повреденото дете жената не го носела веднаш на лекар.

Откако го однела на лекар во јануари 2017 година, веднаш била уапсена.

Се правдала со зборовите: „Не го носев детето редовно на терапија затоа што имам страв од јавен превоз. Тоа ми е дијагностицирано. Затоа морам некој да молам да ме однесе, но немам среќа со тоа. За такси немам пари“.

Вештак опишпал какви последици мајчиното малтретирање оставило врз девојчето.

Едната нога, со оглед на тоа дека коските ѝ биле скршени за време на растот ѝ останала еден сантиметар пократка. Натерапираните повреди на зглобовите исто така може да го загрозат нејзиниот раст. Тие повреди, настанале од повлекување, стискање или вртење на рацете на детет. Поради тие повреди, девојчлето кое во мај 2017 година наполнило 2 години уште не можело самостојно да стои. Ѝ бил успорен невромоторичкиот развој. Не можело ниту да се движи. После тоа било згрижено во детскиот дом каде било утврдено ин дека не зборува. Проодело дури кога било раздвоено од мајка си.