сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Регион

Лоцирани атетанторите на бизнисменот Миодраг Давидовиќ

Лоцирани атетанторите на бизнисменот Миодраг Давидовиќ
Foto: ATA Images

Спрема телефонските базни станици, неколку цргогорски државјани од криминалното подземје лоцирани се во близина на белградскиот хотел во моментот кога беше извршен атентатот врз црногорскиот бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ.

Според информациите кои што ги објави црногорска „Борба“ повикувајќи се на извори блиски до истрагата, некои од тие лица ја напуштија територијата на Србија, а постои сомнение дека се кријат во Црна Гора.

Нападот врз бизнисменот Миодраг Давидовиќ се случи на 10 декември додека седел во барот на хотелот заедно со еден владика.

Набрзо после обидот за убиство во Нови Белград беше пронајдено опожарено возило, а пожарникарите после гасењето на пожарот во него пронајдоа снајпер за кој што постои сомневање дека бил користен во обидот за ликвидација.