недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 16
home Регион

Љубљана со специјални пакети ќе ја спасува туристичката сезона

Љубљана со специјални пакети ќе ја спасува туристичката сезона

Локалните власти во Љубљана со специјални понуди за домашните туристи ќе се обидат да ја спасат летната туристичка сезона погодена од епидемијата на коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, градот подготви дводневни понуди за домашните туристи со цел да дојдат во главниот град на Словенија и на тој начин да го ублажат големиот пад во секторот угостителство и сместување.

Како што објавија претставници од градот, подготвени се три различни пакети, односно еден за цели семејства, друг за оние кои сакаат екстремни спортови и авантури и трет за љубителите на културата и гастрономијата.

Словенечката Влада со цел да го стимулира и помогне домашниот туризам на граѓаните им додели ваучери во вредност од 200 евра кои можат да се искористат за плаќање на сместување во домашните капацитети. (МИА)

Коронавирус