недела, 15. септември 2019. Вести денес: 63
home Регион

Љајиќ: Србија ќе воведе 5Г мрежа во големите градови и на автопатиштата

Тој најави дека следната недела Владата ќе усвои стратегија за развојна мрежа на електронските комуникации, а потоа со Национален план ќе биде предвидена динамиката и начинот на реализација на мрежата.
Љајиќ: Србија ќе воведе 5Г мрежа во големите градови и на автопатиштата

Министерот за туризам, трговија и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ најави дека до 2020 година Србија ќе воведе 5Г мрежа во големите градови и на автопатиштата.

– За да почне воведување на 5Г мрежата, државата во 2019 година ќе распише тендер, рече Љајиќ и додаде дека се очекува и телекомуникациските оператори да бидат подготвени со цел следната година да почне воведувањето на 5Г мрежата.

(Миа)