вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 110
home Регион

Љајиќ: Сега е момент за избори

Љајиќ: Сега е момент за избори

Претседателот на Социјалдемократската партија на Србија (СДПС) Расим Љајиќ смета дека сега е момент за парламентарни избори, со цел новата влада да добие целосен демократски капацитет и легитимет за решавање на прашањето за Косово.

Како друга причина поради која би требало да се оди на избори Љајиќ ги наведе протестите на улиците каде се оспорува легитимитетот на власта.

– Веќе имаме најава за бојкот на Парламентот и протести на улица, каде се оспорува легитимитетот на владата и властa. Ако тој легитимитет се оспорува, не постои друг начин тој да се провери освен на избори, рече Љајиќ за ТВ Пинк.

Тој истакна дека власта секаде се добива и губи на избори.