недела, 31. јули 2022. Вести денес: 13
home Регион

Лидерите на ЕУ се согласија Хрватска да се приклучи на земјите кои го користат еврото

Лидерите на ЕУ се согласија Хрватска да се приклучи на земјите кои го користат еврото

Лидерите на Европската унија денеска се согласија Хрватска да се приклучи на групата земји кои го користат еврото, со што бројот на земји со заедничка валута од јануари ќе достигне 20.

– Еврото е монетарен израз на нашата заедничка судбина и е дел од нашиот европски сон, рече претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, кој претседаваше со самитот на блокот во Брисел.

– Сега сонот се остварува за Хрватска, додаде Мишел.

По разговорите со европратениците и Европската централна банка, процесот ќе заврши со очекуваното усвојување во јули на три правни акти што ќе ја овозможат промената. (МИА)

Коронавирус