петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 130
home Регион

ЛДК очекува пратеници од мнозинството да ја поддржат интерпелацијата за Харадинај

ЛДК очекува пратеници од мнозинството да ја поддржат интерпелацијата за Харадинај

Опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК) смета дека актуелната Влада на Рамуш Харадинај веќе нема никаков легитимитет и затоа предвремените избори се неопходни, и тоа до крајот на годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пратеникот на ЛДК Исмет Беќири вели дека опозицијата очекува и од пратеници од владејачката коалиција, кои се незадоволни од оваа Влада, да ја поддржат интерпелацијата, која ја ќе ја поднесе неговата партија.

– ЛДК веќе ги има обезбедено потписите, оваа готовност е изразена и од (опозициските) Самоопределување (ВВ) и од Социјалдемократската партија (ПСД). Сега се подготвува и текстот на интерпелацијата и ние одржуваме контакти со сите оние кои се во владејачката коалиција, а кои се незадоволни, за да не поддржат во уривањето на оваа влада, изјави Беќири за Радио Косово.

Тој нагласува дека владејачката коалиција веќе нема ни мнозинство во косовското Собрание, а со тоа ниту политичка моќ да донесе каква и да е одлука.

Најголемата опозициска партија во Косово претходно објави дека нема да учествува на ниедна собраниска седница, се додека на дневен ред не се стави резолуцијата на опозицијата за дијалогот меѓу Косово и Србија.

Коронавирус