среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 84
home Регион

Лажната медицинска сестра која го фрапираше регионот пронајдена мртва од скандалозниот доктор со кого беше во врска (ВИДЕО)

Лажната медицинска сестра која го фрапираше регионот пронајдена мртва од скандалозниот доктор со кого беше во врска (ВИДЕО)

Лажната медицинска сестра која стана вистински хит во регионот Вероника Пецолај пронајдена е мртва пренесуваат хрватските медиуми.

Како за хрватски „Индекс“ пренела полицијата вчера околу 22:13 часот било пријавено дека во стан во Обровца е пронајдено мртво женско тело на возраст од 26 години. На местото на настанот веднаш интервенирала полицијата и медицинската помош по што во 23:08 часот е констатирано смрт од гушење.

Тамошните медиуми пишуваат дека телото го пронашол нејзиниот партнер, доктор Горан Јусуп кој исто така стана познат откако една хрватска емисија ја откри неговата скандалозна ординација.

Полицијата повеќе детали најави во текот на денешниот ден.

Инаку двајцата станаа познати оваа пролет кога хрватски новинар ја откри ординацијата во еден хрватски град во која Вероника била вработена без завршено медицинско образование како медицинска сестра.

За него тогаш жителите на ова гратче тврдеа дека е „ненормален“, а таа дека е лажна сестра, целиот скандал можете да го погледнете во продолжение.