сабота, 8. август 2020. Вести денес: 102
home Регион

Лажна дојава за бомба во суд во Сараево

Лажна дојава за бомба во суд во Сараево

Предупредувањето за бомба во сараевскиот кантонски суд кое претходно беше упатено е лажно, соопшти полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево.

– Извршен е преглед на просториите на Судот и утврдено е дека дојавата за бомба била лажна, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево.

Тој додаде дека полициските службеници работат на идентификување и лоцирање на непознато лице кое ја упатило лажната закана.

Коронавирус