недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 81
home Регион

Ладнокрвна ликвидација: Снименa егзекуцијата на познат сопственик на дискотека во Подгорица (ВИДЕО)

Ладнокрвна ликвидација: Снименa егзекуцијата на познат сопственик на дискотека во Подгорица (ВИДЕО)

Српска „Република“ објави снимка од бруталната ликвидација на Миодраг Крушчиќ, сопственик на популарната дискотека Beagle, кој беше застерлан во населбата „Стари Аеродром“ во Подгорица.

На снимката може да се види крупен човек, облечен во црно, со качулка на главата и силиконска маска на лицето, кој се приближува на масата каде Миодраг седи со новинарка од „Вјести“ и пука во него. Крушчиќ, кој го забележал како доаѓа, станува од масата, но убиецот веќе пука во него.

За решителноста на убиецот најдобро зборува и фактот дека Крушчиќ, повреден, се обиде да избега, но по два – три метри паѓа на тревата.

Убиецот потоа се доближува и пука уште неколку пати во него, а потоа си заминува по истиот пат, од каде што дојде.

И додека трае полициската истрага, се претпоставува дека Крушчиќ е нова жртва на војната помеѓу мафијашките кланови во Црна Гора.

Коронавирус