петок, 4. декември 2020. Вести денес: 100
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ денес со блокада во Скопје и со протест во 20 градови, оставка на Заев веднаш!

home Регион

Курти: Владата во оставка ќе одговара за одлуките во време на институционален вакуум

Курти: Владата во оставка ќе одговара за одлуките во време на институционален вакуум

Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, кој се очекува да го добие мандатот за формирање на новата Влада на Косово откако неговата партија победи на вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври, ѝ порача на Владата во оставка на Рамуш Харадинај дека ќе одговара за одлуките кои ги носи во периодот од изборите до формирањето на новите институции, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти на својата страница на Фејсбук напиша дека оваа влада го користи институционалниот вакуум за одлуки кои му нанесуваат штети на буџетот на Косово, именувајќи на клучни места во институциите сопартијци и членови на семејствата, со што ја отежнуваат работата на идната влада.

– Периодот од 6 октомври наваму се карактеризира со екстремна злоупотреба на институционалниот вакуум од страна на владата во заминување. Злоупотреби се манифестирани на речиси сите можни начини, кои генерално имаат три заеднички работи: акомодирање на партиски војници и роднини на одговорни места; отежнување на работата на новата влада по пат на поставување на важни позиции на некомпетентни лица со блокирачки потенцијал; како и оштетување на буџетот, напиша Курти.

Сепак, вели тој, откако ќе биде избран за премиер, „одлуките кои се носат од владата која што е вршител на должноста и што претставуваат надминување на надлежностите на една влада во заминување односно дежурна влада, ќе бидат поништени, а налогодавачите ќе одговараат“.

– Одлуката за преселување на вработените од одредени министерства во приватни објекти со вртоглави цени на месечните кирии; незаконските именувања во дипломатската служба; обидите за да се истера до крај еден корумпиран и сомнителен процес на именување нотари; унапредувањата во министерства, јавни претпријатија и владини агенции, се некои од штетните и незаконски одлуки на владата во заминување. Како што владееја без знаење и со корупција, на истиот начин сакаат и да си заминат. Затоа, важно е да нагласиме, по кој знае кој пат, дека незаконските одлуки кои се носат од владата која што е вршител на должноста и што претставуваат надминување на надлежностите на една влада во заминување, односно дежурна влада, ќе бидат поништени, а налогодавачите ќе одговараат, порача Курти.

Резулттите на вонредните парламентарни избори во Косово, и еден и пол месец по нивното одржување, се уште не се конечни, поради жалбени и други процедури од политичките субјекти пред надлежните изборни и судски органи. Во моментов во тек е пребројуувањето на над чполовона од околу 2.500 гласачки места на колку што се гласаше. Овој процес, според најавите од Централната изборна комисија, се очекува да заврши утре, 24 ноември, по што би требало да се објават конечните резултати и да се пристапи кон формирање на институциите.

Коронавирус