сабота, 10. април 2021. Вести денес: 61
home Регион

Курти: Уставот на Косово не дозволува обединување со Албанија

Курти: Уставот на Косово не дозволува обединување со Албанија

Лидерот на движењето Самоопределување Албин Курти денеска изјави дека обединувањето на Косово со Албанија не го дозволува уставот на Косово.

За време на неговата посета на Љеш во Албанија, тој рече дека тоа е желба на сите Албанци, но дека за такво нешто ќе биде потребно време, пренесува Лајми.

– За жал, уставот на Косово е контрадикторен. Еден член наведува дека Косово е независна држава, во друг дека е забрането да се обединува со друга држава. Во исто време, тоа е пречка за европската интеграција, рече Курти.

Тој, исто така, рече дека е несомнено Албанија и Косово да мора да бидат координирани кон приближување, интеграција и унија, особено во клучните области – безбедноста, енергијата и природните ресурси и надворешната политика.

Коронавирус