среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 139
home Регион

Курти: Српските и албанските криминалци соработуваат совршено на територија на Косово

Курти: Српските и албанските криминалци соработуваат совршено на територија на Косово

Српските и албанските криминалци соработуваат совршено на територија на Косово, а полицијата мора да се бори против овие групи и ситуацијата не смее да се политизира, изјави косовскиот премиер Албин Курти кој денеска учествува на Економскиот самит во Скопје, а беше запрашан за вчерашните немири на северот на Косово и за односите со Србија.

-Оваа акција нема ништо со националноста туку со организираниот криминал, порача Курти.

Тој наедно ја искористи приликата да оцени дека Србија е земја со висока корупција, но како што рече, тоа е нивен проблем, а тој како премиер е решен да спроведе владеење на правото, добрососедски односи и европски вредности во Косово.

-Треба да соработуваме сите од Западниот Балкан против организираниот криминал кој е многу поинтегриран отколку што сме ние како земји. Затоа ни се потребни функционална демократија и владеење на правот, вели Курти.

Локални избори 2021