понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 0
home Регион

Куме: При нефункционирање на Уставниот суд, уредбата на Мета треба да се спроведе

Куме: При нефункционирање на Уставниот суд, уредбата на Мета треба да се спроведе

Поранешниот претседател на Централната изборна комисија на Албанија,Кристаќ Куме, како експерт од оваа област, за телевизијата Њуз 24 дава мислење за тоа што ќе се случи откако претседателот Илир Мета ја поништи уредбата со која локалните избори требаше да се одржат на 30-ти јуни.

Според него едиствена можност е уредбата на претседателот за одлагање на изборите да се оспори пред Уставнот суд,но поради тоа што оваа институција во Албанија не функционира, тогаш уредбата треба да се почитува.

-Уредбата за одлагање на изборите очекувам да ја потпише утре кога најави дека ќе ги образложи причините за овој негов чекор. Единствено што може да се стори е уредбата да се оспори пред Уставниот суд. Во услови кога тој не функционира, останува да се спроведе. Ако повторно се повикаме на Уставниот суд кој се занимаваше со два случаи околу одлуките донесени од претседателот на републиката, во февруари 2002 година, во одлуката на Уставниот суд се дефинира дека можат да се поднесат жалби до Управниот апелациски суд за поединечни акти со административен карактер. Во овој случај тоа не е и како такво не може да се разгледува во Управниот апелациски суд,изјави Куме.

Негов став е дека уредбата на Мета за поништување на датумот на изборите е можност политичките партии да најдат решение за кризата.

Според него ЦИК треба да престане да работи на организирање на локалните избори а изборната кампања треба да прекине.