четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 61
home Регион

Кучињата трагачи се вратија во Хрватска – едното од нив бил фрлено во шума, а сега е „херојот од Албанија“

Кучињата трагачи се вратија во Хрватска – едното од нив бил фрлено во шума, а сега е „херојот од Албанија“

Џанго, Гизмо, Ларс, Дарма и Томас се храбрите кучиња трагачи кои вчера со своите сопственици и тренери од Албанија се вратија во Хрватска. Земјотресот се случи во вторникот, а кучињата трагачи од Хрватска пристигнале на местото истиот ден.

„24сата.хр“ објави дека успеале да надушкаат и со тоа да помогнат во пронаоѓањето на пет жртви.

Едно од кучињата од тимот e Џанго, мешанче кој некој пред четири ипол години го оставил во шума. Благодарение на Игор Горета од Загреб, тој останал жив и станал одличен трагач.

„Џанго и неговиот брат ги најдов во шума во Подравина, валкани, смрдливи, полни со крлежи. Ги зедов дома и живнаа, Џанго дури и премногу“, рекол низ смеа Игор и додал дека Џанго набргу ќе наполни пет години.

Тој планирал двете кучиња да ги вдоми i работел на нивна социјализација. Oд почетокот работеле и на основни команди, но за Џанго било тешко да се најде дом бидејќи бил премногу темпераментен. Игор на крајот сфатил дека, така своеглав, Џанго тешко дека ќе може да се вдоми, па го задржал во својот стан во Загреб.

Иаку, Игор е волотен во Клубот за службени и спортски кучиња на Загреб, чии кучиња, заедно со кучињата од Хрватското здружение за обука на кучиња трагачи, помогнале во пронаоѓање на жртвите во Албанија.

„Џанго е трениран да пронаоѓа живи луѓе, но со оглед на неговата реакција, заклучив дека надушкал мирис кој не е мирис на жив човек. Подоцна се покажа дека тоа навистина беше така“, вели Игор.

Џанго учествувал во фазата на груба детекција. Тој не бил трениран да надушка мртви луѓе, тоа го направиле другите кучиња. Сите заедно во акциите им помагаат на своите водачи да знаат на кои урнатини да се фокусираат, а кои да ги елиминираат.

Кучињата кои помагаа во Албанија имаат од три до 13 години, колку што има Ларс од расата бордер коли.

Коронавирус