вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 152
home Регион

Круемади: Владата лаже со бројките на починати од Ковид-19

Круемади: Владата лаже со бројките на починати од Ковид-19

Лидерката на третата по големина политичка партија во Албанија, опозициското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), Моника Круемади ги обвини Владата и премиерот Еди Рама за прикривање на бројките на починати лица од Ковид-19.

Гостувајќи во емисијата „Опен“ на телевизијата Топ чанел уште обвини дека Владата не се справила соодветно со пандемијата.

-Нема добро менаџирање со сотојбата од страна на Владата. Бројките не покажуваат ништо. Владата лаже со бројки. Владата лажеше за жртвите од Ковид-19. Мерките не спречија ништо. Зошто, вирусот не останува на улица од пет до 17 и 30 часот? Владата прави пропаганда и не бара прошка за тоа дека овој вирус не најде неподготвени и не успеавме да се справиме со оваа состојба. Владата не соопшти колку починаа во јануари и февруари, рече Круемади, која е сопруга на шефот на државата Илир Мета.

Таа го коменираше и приближувањето на Мета и Рама или како што ја нарекуваат „пролетта меѓу Мета и Рама“.

-Не им е грижа на Албанците дали седнале или станале премиерот и претседателот. Тие сакаат да работат за да ги прехранат своите семејства. Јас како Моника Круемади и ЛСИ како партија не го признаваме Парламентот. Јас не ги земам во предвид изјавите на љубов меѓу Мета и Рама. Ова прашање треба да му го поставите Илир Мета, изјави Круемади.

Таа додаде дека е навикната на „маслиновото гранче и ножевите во грб од Еди Рама“.

-Албанците не се заинтересирани за столчето на Круемади или на друг политичар . Во последните два месеца, 60.000 Албанци ги загубија своите работни места. За тоа треба да се дискутира, а не за љубовта во односите меѓу Рама и Мета, рече Круемади.

Според официјалните податоци на Министертвото за здравство во Албанија од вкупно заразените 820 починати се 31 лице. (МИА)

Коронавирус