четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 63
home Регион

Кризниот штаб во Србија одлучи: Препорачана и трета доза на вакцината против коронавирусот, еве и кој ќе ја прими

Кризниот штаб во Србија одлучи: Препорачана и трета доза на вакцината против коронавирусот, еве и кој ќе ја прими

– Третата доза на вакцина против коронавирусот се препорачува на пациенти кои припаѓаат на ризични групи – изјави епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ денеска по седницата на Кризниот штаб.

Таа посочи дека истражувањето по препорака за воведување на третата доза сè уште се прави во светот и дека е потребно повеќе време за следење на имунитетот по вакцинацијата, но дека претходните истражувања покажуваат дека третата доза на вакцината е корисна за одредени групи на луѓе.

– Заклучокот е дека во првата група за примање на третата доза се наоѓаат лица кои имаат состојби на имунодефициенција и разни хронични заболувања кои имаат врска со имунитет. Станува збор пред се за лица кои имаат трансплантирано орган, за оние кои се на хемодијализа, за лица со малигни заболувања кои моментално примаат имуносупресивна терапија, како и за хронични пациенти – потенцира членот на Кризниот штаб.

Експертите во последните месеци објавија дека не секој што е имунизиран ќе ја прими третата доза на вакцина за коронавирус. Минатата недела Националниот комитет даде препорака за воведување на третата доза.

Како што најави д-р Предраг Кон, епидемиолог и член на Кризниот штаб, потребно е да поминат најмалку 6 месеци пред некој да ја прими третата доза од вакцината против коронавирусот.

Според некои истражувања, се покажа дека примената на третата доза, односно засилувачката вакцина против коронавирусот, го зголемува хуморалниот имунолошки одговор.

Коронавирус