понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 155
home Регион

Кражба во Сараево се претвори во хорор: Убиен еден полицаец, друг се бори за живот (ВИДЕО)

Кражба во Сараево се претвори во хорор: Убиен еден полицаец, друг се бори за живот (ВИДЕО)

Во вооружена престрелка ноќеска во Сараево во населбата Алипашино поле, убиен e еден полицаец додека друг се бори за живот и е во критична состојба, потврдија од министерството за внатрешни работи на БиХ.

Како што јавуваат босанските медиуми, полицајците биле очевидци на кражба на автомобил во тоа подрачје со хрватски национални ознаки. Крадците откако биле фатени на дело отвориле оган кон полицајците од автоматска пушка, најверојатно „калашников“, по што имало кратка престрелка. Потоа крадците побегнале во непознат правец.

Како што јави Аваз.ба, едниот полицаец починал на лице место, а рано утрово другиот бил опериран, а неговата состојба се уште е критична. Според порталот, тие во моментот кога биле фатени се обидувале да украдат автомобил „Голф“ 6.

Коронавирус