вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 105
Во живо

Изјава на Мицкоски и Сарамандов од Гевгелија

home Регион

Ковид свадба во соседството со 400 гости – младоженците сега се каат по вкупниот број на заразени по веселбата

Ковид свадба во соседството со 400 гости – младоженците сега се каат по вкупниот број на заразени по веселбата

Псле свадба во српскиот град Кралево со околу 400 лица, пред околу еден месец, околу 100 гости на свадбата завршиле во ковид амбулантата во тој град.

– Само во првата седмица по свеченоста, се појавија 25 новозаразени лица, а меѓу нив беше и млад човек на триесетина години, невакциниран, кој за малку не заврши на респиратор, открива Владимир Новиќ, рентген техничар во општата болница во Кралево.

Многу пациенти подоцна жалат што не се вакцинирале, што не се грижеле за себе, но за некои ќе биде предоцна. И здравствените работници страдаат од нивната неодговорност.

– Тоа беше свадба со околу лу 400 луѓе. Половина од нив знам. Околу 100 од нив многу брзо ја посетија клиниката. Во првата недела по венчавката, 25 лица веќе беа позитивни. Младо момче вели, „Да знаев, никогаш немаше да отидам на свадба. Ако преживеам, ќе се вакцинирам штом ќе ја напуштам болницата“. Излезе неодамна. Едвај се спаси од респиратор, објаснува Новиќ и посочува дека здравствените работници се секогаш погодени од ваквата неодговорност.

– Дали е малку што гинеме на работа. Кога се враќаме од смена, не можеме да ја погодиме вратата од куќата, не ги гледаме децата. Не сум антиваксер. Моето семејство е вакцинирано. Вакцината не е задолжителна, но, луѓе, ако не сакате да се вакцинирате, барем можете да ја носите таа маска. Барем толку можете да ни помогнете, вели Новиќ.

Локални избори 2021