вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 99
home Регион

Косовското Собрание не ја усвои резолуцијата со која би му се забранило на Тачи да преговара за границите

Косовското Собрание не ја усвои резолуцијата со која би му се забранило на Тачи да преговара за границите
epa06693925 President of the Republic of Kosovo Hashim Thaci atttends a press conference with President of the European Council Donald Tusk (unseen) during a meeting in Pristina, Kosovo, 26 April 2018. Donald Tusk arrived in Pristina for a one day official vist. EPA-EFE/PETRIT PRENAJ

Собранието на Косово не ја усвои резолуцијата предложена од опозицијата, со која требаше да му се забранува на косовскиот претседател Хашим Тачи во преговорите со Србија да разговара за размена на територии, односно промена на границата, јави дописникот на МИА од Приштина.

По координацијата на шефовите на пратеничките групи, во име на пратениците од владејачката коалиција, координаторот на пратеничката група на Демократската партија на Косово (ПДК), Мемли Красниќи објави дека не успеале да ги усогласат ставовите со опозицијата и затоа нема да гласаат.

По ова, за резолуцијата гласаа 50 пратеници од 120-члениот косовски Парламент, што не беше доволно таа да биде усвоена.

Владејачките партии се спротивставија на предлогот на опозицијата резолуцијата да содржи само една точка, која гласи: „Собранието на Република Косово повторно нагласува дека Уставот на Република Косово, државниот суверенитет, територијалниот интегритет и унитарниот карактер на Република Косово се неповредливи. Ниту претседателот, ниту кој било друг нема мандат да преговара за територијата на Република Косово“.

Дебатата за дијалогот со Србија, започната вчера, изобилуваше со меѓусебни обвинувања, напади, па и лични навреди меѓу пратениците од власта и опозицијата. (МИА)

Коронавирус