среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 101
home Регион

Косовските партии на изборите потрошиле 3,6 милиони евра

Косовските партии на изборите потрошиле 3,6 милиони евра

Сите косовски партии кои се на власт, како на централно така и на локално ниво, ги злоупотребиле јавните ресурси за кампањата за вонредните парламентарни избори во октомври годинава, објави коалицијата на невладини организации Демократија на дело (ДнВ).

На денешната конференција во Приштина, на која се промовира извештајот на ДНВ од набљудувањето на изборите, беше кажано дека во над 10 отсто од набљудуваната кампања е евидентирана злоупотреба на службените возила и на јавните службеници.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, на 787 мониторирани предизборни активности политичките субјекти потрошиле вкупно околу 3,6 милиони евра, а едниствено Демократскиот сојуз на Косово го надминал законскиот лимит. Најмногу активности, околу 200, имала тогаш владејачката Демократска партија на Косово (ПДК).

Извршниот директор на Демократскиот институт на Косово (ИДК) Исмет Криезиу ја пренесе генералната оценка на ДнВ дека изборите се одржаа во демократски дух и согласно меѓународните стандаради.

Криезиу забележа дека на Централаната изборна комисија и беа потребни дури 53 денови од одржувањето на гласањето за објавување на конечните официјални резултати.

Амбасадорот на Германија во Косово Кристиан Хелд го оцени позитивно изборниот процес, но нагласи дека во иднина се потребни измени на изборната легислатива, со цел да се избегнат доцнењата како оние што се случија во текот на овој процес. 

Коронавирус