четврток, 6. август 2020. Вести денес: 173
home Регион

Косовскиот премиер во самоизолација поради контакт со лице загрозено од Ковид-19

Косовскиот премиер во самоизолација поради контакт со лице загрозено од Ковид-19

Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти се наоѓа во самоизолација, поради тоа што имал контакт со владин службеник кој бил во тесен контакт со лице заразено од новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата преку својата страница на Фејсбук ја објави самиот Курти, наведувајќи дека станува збор за службеник од Министерството за евроинтеграции (МЕИ), кој, освен со него, имал контакти и со други вработени во Министерството и во премиерскиот кабинет.

– Земени се примероци и ги очекуваме резултатите. Јас имав контакт со него, како и други вработени во МЕИ и премиерскиот кабинет, иако цело време со почитување на физичката дистанца. Од денеска сум во самоизолација во мојот стан сé додека не се објават резултатите од тестирањето на службеникот на МЕИ, информира Курти.

Тој порача дека владата во оставка задачите ќе ги извршува од дистанца и ќе ги носи потребните одлуки „со истата одговорност“ како и досега.

Коронавирус