сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 49
home Регион

Косовскиот премиер позитивен на Ковид-19

Косовскиот премиер позитивен на Ковид-19

Косовскиот премиер Авдулах Хоти информира вечерва преку својата страница на Фејсбук дека е позитивен на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хоти објави дека нема видливи симптоми, освен лесна кашлица, и дека премиерските обврски во наредните две недели ќе ги извршува од својот дом, каде што ќе биде во изолација.

– Денеска го извршив тестот за Ковид-19 и резултирав позитивен. Немам симптоми, освен една мошне лесна кашлица. Од вечерва сум во изолација во наредните две недели. Обврските ќе ги извршувам од дома, напиша Хоти.

Коронавирус