сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 95
home Регион

Косовскиот министер за правда понуди оставка

Косовскиот министер за правда понуди оставка

Министерот за правда на Косово Абељард Тахири денеска понуди оставка на функцијата поради незадоволство од случувањата во правниот сектор, вклучително и мешањето на политиката, објавија косовските медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Тахири смета дека лошата состојба во овој сектор ќе резултира со одлука на Европската унија да не дозволи визна либерализација за Косово.

Извори на порталот „Газета Експрес“ тврдат дека Тахири оставката им ја доставил на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и на претседателот на неговата партија, Демократската партија на Косово (ПДК), Кадри Весели.

Се очекува наскоро Тахири лично да ја објави информацијата и да ги соопшти причините за повлекувањето од функцијата.

Коронавирус