петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 190
home Регион

Косовската претседателка од утре во официјална посета на Германија

Косовската претседателка од утре во официјална посета на Германија

Претседателката на Косово, Вјоса Османи утре ќе отпатува во официјална посета на Германија, каде што ќе се сретне со германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмајер, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти кабинетот на Османи, освен со нејзиниот хомолог, таа во Берлин ќе се сретне и со шефот на германската дипломатија, Хајко Мас, како и со други високи државни претставници.

Османи во Германија ќе престојува до четврток, 16-ти септември.

Локални избори 2021