вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 167
home Регион

Косовската полиција се огласи по судирите во српските општини, еве што соопштија

Косовската полиција се огласи по судирите во српските општини, еве што соопштија

Шефицата на Полицискиот инспекторат во Приштина, Мирадиј Кељменди соопшти дека 19-те уапсени полицајци се суспендирани од должноста и определен им е притвор од 48 часа.

Таа рече дека од нив, 11 биле Срби, четворица Албанци и четворица Бошњаци, пренесе „РТК“ на српски јазик и додаде дека еден од нив е командир на полициска станица.

– Претресени се 12 локации. За време на претресите одземено е оружје, техничка опрема и пари. Полициските службеници се притворени на 48 часа и сите се суспендирани од должноста. – изјави таа на прес-конференција во Приштина.
Косовската полиција соопшти дека уапсени се и девет граѓани кои се обиделе да ја опструираат работата на полицијата.

Српските медиуми претходно јавија дека на местото Зубин Поток се слушале и истрели од огнено оружје, а биле употребени и димни бомби. Според српските медуми има и ранети граѓани во судирите.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ го подигна нивото на воена подготвеност на српската армија, а косовскиот претседател, Хашим Тачи, реакцијата на Вучиќ ја нарече популистичка и за внатрешна употреба.

Коронавирус