понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 42
home Регион

Косовската опозиција: Новите тензии се вовед во нови компромиси меѓу Приштина со Белград

Со тврдење дека вакви акции не се случуваат првпат, од Самоопределување порачаа дека Заедницата на српски општини, или кој било друг проект за поделба на Косово, и понатаму се неприфатливи и опасни проекти за сите граѓани на Косово.
Косовската опозиција: Новите тензии се вовед во нови компромиси меѓу Приштина со Белград

Косовското опозициско движење Самоопределување соопшти дека денешните тензии на северот на Косово може да бидат вовед во нови компромиси на Приштина со Белград.

Тие тврдат дека на таков заклучок упатува и успешната акција на директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, што е доказ дека такво нешто било можно и претходно.

„Факт е, меѓутоа, дека такви акции претходно не постоеја, туку дури сега, по вечерата на Тачи и Вучиќ на 23 март, и ова укажува дека ваквата акција веројатно ќе биде сценариото за повторно актуализирање на Заедницата на српски општини и можеби дури и на најавата на Вучиќ дека во април ќе биде претставено решение за прашањето на Косово“, се вели во соопштението.

Од движењето тврдат дека „Србија на северот не е присутна само преку Ѓуриќ, туку дека постојат паралелни структури што никогаш не се згаснати или сопрени“.

Коронавирус