сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 15
home Регион

Косово викендов се затвора поради Ковид-19, еве кои градови и општини одат во карантин

Косово викендов се затвора поради Ковид-19, еве кои градови и општини одат во карантин

Косовската Влада воведе дополнителни мерки за заштита од ширењето на епидемијата на Ковид-19, откако последните денови беше забележано видно зголемување на бројот на заразени од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

На предлог на Комитетот за справување со пандемијата, Владата на Авдулах Хоти попладнево одлучи, од вечерва во 20 часот до понеделник во 5 часот наутро, да се затворат сите бизниси, трговските и рекреативни центри, супермаркетите и угостителските објекти.

Од оваа одлука се исклучуваат пекарниците, аптеките, малите продавници и бензинските пумпи, јавните и приватните здравствени институции, како и фирмите кои се занимаваат со производство, достава и продажба на есенцијални стоки. Не се опфатени ниту институциите кои управуваат со пандемијата, економските оператори и превозниците кои обезбедуваат функционирање на синџирот на снабдување.

Покрај оваа одлука која се однесува на целата територија на државата, министерот за здравство на Косово, Арменд Земај наложи посебни мерки за седум општини, во кои се забележани најголем број на новозаболени во новиот бран на ширењето на заразата. (МИА)

Коронавирус