понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 57
home Регион

Косово со 250 новозаразени и седум починати од коронавирус во изминатото деноноќие

Косово со 250 новозаразени и седум починати од коронавирус во изминатото деноноќие

Косовскиот Институт за јавно здравје денеска регистрира седуммина починати и 250 новозаболени.

Позитивен на коронавирус е и косовскиот премиер Авдулах Хоти, кој објави дека своите работни обврски ке ги врши од дома.

Од почетокот на пандемијата со коронавирус во Косово има 9.049 заразени лица, 4.989 се излекувале, а 256 починале.

Коронавирус