понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 14
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Коронавирусот во Србија досега однесе 10 животи: Рекордни нови 131 заразен

Коронавирусот во Србија досега однесе 10 животи: Рекордни нови 131 заразен

Во Република Србија до 15 часот на 28 март 2020 година се регистрирани вкупно 659 потврдени случаи на Ковид-19.

Тестирани се примероци на 371 лице од кои 131 се позитивни на новиот коронавирус. Во болниците има вкупно 334 лица.

– Уште две лица денес починаа. Почина жена на Инфективната клиника, 8 дена беше на респиратор и имаше други здравствени проблеми – рече министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар.

Вториот починат маж е во Ниш, на 63-годишна возраст со низа на здравствени проблеми. Уште 9 лица се во тешка здравствена состојба, додаде министерот.

Членот на кризниот штаб за сузбивање на заразната болест Ковид-19 во Србија Предраг Кон посочи дека во овие моменти мора да се има „железна“ дисциплина.

– Вирусот има поголем потенцијал за пренесување отколку претходно, бидејќи поголем број на луѓе го носат вирусот. Единствен начин да се спречи масовна зараза е да се спречи контакт. Сега го бележиме она што се случувачо пред 4, 5 дена. Досега имавме релативно задоволителна ситуација, добивме една недела. Овој брз пораст на случаи – 71 денес во Белград – тоа е најголем пораст досега, а ако продолжи ќе биде десетпати поголем до крајот на следната недела – констатира Кон.

До денес во земјата беа регистрирани 528 случаи на заразени и 8 смртни случаи.

Коронавирус