среда, 2. декември 2020. Вести денес: 9
home Регион

Коронавирусот се шири во Хрватска, бројот на заразени се зголеми на 56 лица

Коронавирусот се шири во Хрватска, бројот на заразени се зголеми на 56 лица

Во Хрватска се потврдени седум нови случаеви на коронавирус, со што вкупниот број на инфицирани лица се зголеми на 56, јави дописникот на МИА.

Новозаразените се од Карловац, Ријека и Загреб, соопштија од хрватскиот Штаб за цивилна заштита.

Поради можност дека се инфицирано со Ковид-19 во самоизолација се околу 9.000 луѓе. Во 14-дневен карантин се и Хрватите кои беа на работа во соседна Словенија.

Хрватската Влада презема радикални чекори со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Најсилни се мерките на Истра, бидејќи овој регион е најблиску до жариштето на заразата, односно Северна Италија.

Началникот на истарскиот Центар за цивилна заштита Дино Козловец, изјави дека веќе се затворени сите училишта, градинки, факултети, угостителски и услужни објекти.

– Луѓето ќе мораат да се придржуваат до само изолацијата. Казните за оние кои не ги почитуваат одлуките се од 8.000 до 120.000 куни, а можно е да завршат во затвор, изјави Козловец.

Коронавирус