понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Регион

Коронавирусот однесе уште 43 животи во Хрватска – половина милион граѓани вакцинирани

Коронавирусот однесе уште 43 животи во Хрватска – половина милион граѓани вакцинирани

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 2.927 нови случаи на инфекција со коронавирусот, а 43 лица го загубија животот.

Според официјалните податоци, во моментов во Хрватска има 15.307 активни случаи, од кои 1.988 се во болница. На респираторот има 179 пациенти, пренесува Индекс.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 300.900 лица заразени со новиот коронавирус, починале 6.442 лица, вкупно се опоравиле 279.151 лице, од кои 1.457 во последниот 24 часа. Во моментов има 29.551 лице во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 1.674.418 лица, од кои 10.876 во последните 24 часа. Заклучно со 14 април се потрошени 617.516 дози, а вакцинирани се 500.233 лица. Со првата доза се вакцинирале 381.164 лица, додека со втората доза се вакцинирале 117.283 лица. За 1.786 лица нема податоци за дозата со која биле вакцинирани.

Коронавирус