понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 163
home Регион

Корона катаклизма во Хрватска: Соборен црн рекорд, речиси 3 илјади новозаразени

Корона катаклизма во Хрватска: Соборен црн рекорд, речиси 3 илјади новозаразени

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 2,776 нови случаи на коронавирус, па бројот на активни случаи во земјата се искачи на 14,031.

Ова е најголемиот број на заразени регистриран во еден ден во Хрватска од почетокот на пандемијата. Претходниот рекорд беше регистриран на 25-ти февруари кога имаше 2,421 новозаразен.

Меѓу нив, 985 се на болничко лекување, од кои 71 пациент се на респираторна машина. Починаа 18 лица.

Од 25-ти февруари кога беше регистриран првиот случај на коронавирус во Хрватска, до денес во земјата се заразени 43,775, од кои 511 починаа. Досега вкупно се тестирани 475,994, од кои само 9,679 во последните 24 часа.

Директорот на Институтот за јавно здравје на Хрватска, Крунослав Цапак вели дека се очекувале вакви бројки, а од преземените мерки не може веднаш да се очекуваат резултати.

-Денес имавме двојно повеќе тестирани и вчера исто така имавме двојно повеќе тестирани, вели Цапак.

Хрватската телевизија „Н1“ прва утринава ја пренесе веста дека во земјата неофицијално има над 2,700 новозаразени, а епидемиологот Бранко Колариќ изјави дека само во Загреб има од 700 до 800 позитивни.

-Ако сметаме дека на 5 до 10% од тие 2,700 луѓе треба да бидат хоспитализирани, тоа се 150-200 луѓе. Порастот е голем. Загреб денеска има од 700 до 800 новозаразени, се уште ги прибираме податоците, изјави Колариќ кој се залага за воведување на построги мерки.

Извор: Точка

Коронавирус